петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Запленети 90 килограми охридска пастрмка, приведени две лица од Албанија

Запленети 90 килограми охридска пастрмка, приведени две лица од Албанија

Денеска (30.10.2022) по претходно преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал Охрид и Полициската станица за граничен  премин и граничен надзор Стење  ги привеле Е. Ш. (22) и М.А. (25) од  Република Албанија.

При контрола во патничко возило „нисан“, со албански национални ознаки, биле пронајдени 139 парчиња охридска пастрмка со вкупна тежина околу 90 кг,  кои биле предмет на недозволена трговија од Република Албанија кон Република Македонија .

Е.Ш. и М.А. се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.