петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Запленети близу илјада пиротехнички средства на ГП Делчево

Запленети близу илјада пиротехнички средства на ГП Делчево
илустрација

Денеска (21.12.2020) на Граничен премин Делчево, при влез во Република Македонија, полициски службеници извршиле преглед на багаж на П.П. од Битола, кој пеш ја поминувал границата, при што биле пронајдени 886 парчиња различни видови на пиротехнички средства.

Пронајдените предмети биле одземени и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.