На 28.12.2022 во 14:50 часот на пазарот во нас.Драчево – Скопје, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода С.Е.(51) од Скопје.
При контрола на неговата тезга биле пронајдени и одземени 1150 парчиња разновидни пиротехнички средства.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.