Денеска (08.08.2023) околу 15.30 часот полициски службеници од СВР Скопје го привеле Е.А.(29) од Скопје, а во патничкото моторно возило „голф“ со скопски регистерски таблички, кое тој го управувал, пронајдени и одземени се над 200 килограми режан тутун, наменет за нелегална продажба.
По целосно документирање на случајот, против Е.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.