недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Заталкан куршум оштети објект во Гостивар

Заталкан куршум оштети објект во Гостивар

Во Секторот за внатрешни работи Тетово вчера било пријавено дека во периодот од 21 часот на 7-ми до 8 часот и 30 минути на 8-ми октомври годинава заталкан куршум од огнено оружје оштетил прозорец на првиот кат и sид во ходникот од јавен објект на улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар, информира денес Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Од полицијата информираат дека извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.