На 13.01.2022 полициски службеници го лишиле од слобода Ј.П. (58) од Кочани, бидејќи во место викано „Потоците“, атар на Оризари, кочанско, бил затекнат како врши незаконит лов со ловечка пушка „цифсан ЦСП 555“ калибар 12 ГА.
Од страна на полициски службеници биле одземени ловечката пушка со ремник, испукан ловен патрон калибар 12 ГА, ловна муниција 34 броја калибар 12 ГА.
По целосно документирање на случајот против Ј.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.