Затворен е угостителски објект во Куманово, полицијата и пазарниот инспекторат затекнале гости, вработен и музичари, соопшти денеска СВР Куманово.
Вчера во 19: 05 часот во СВР Куманово било пријавено дека во угостителски објект на булеварот „Октомвриска револуција“ има граѓани кои не ги почитуваат здравствените прописи за време на епидемија.
– Полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во објектот, сопственост на Н.Р.(58) од Куманово и констатирале дека во објектот имало „жива музика“ и биле затекнати четири лица-гости, еден вработен и тројца музичари, кои не одржувале дистанца и не носеле заштитна опрема, со што биле прекршени мерките на Владата за спречување на ширењето на Ковид 19-соопштија од СВР Куманово.
По целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.