четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Затвореник додека извршувал работни задачи надвор од затворот се обидел да внесе хероин, поднесена кривична пријава

Затвореник додека извршувал работни задачи надвор од затворот се обидел да внесе хероин, поднесена кривична пријава

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ѓ.М.(30) од с.Просениково, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 04.09.2021 пријавениот, кој издржувал казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Штип, извршувајќи работни задачи надвор од затворот, набавил хероин и се обидел да го внесе во затворот, но не успеал затоа што при влез бил пронајден и одземен од затворските службеници.