понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Затвореник направил голема измама од „Идризово“, еве што успеал да организира

Затвореник направил голема измама од „Идризово“, еве што успеал да организира

СВР Штип поднесе кривична пријава против П.С.(30) од Струга, кој е на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Во периодот од јануари до април 2021 година, пријавениот довел во заблуда лице од Штип и ги прибавил неговите лични податоци со кои електронски креирал кориснички профил на негово име на веб страни на повеќе финансиски друштва и аплицирал за кредити.

Парите од финансиските друштва биле уплатени на трансакциската сметка на оштетениот, кој повторно бил доведен во заблуда и парите ги подигнувал и по такси возач ги предавал на лице од Крива Паланка.

На тој начин пријавениот причинил материјална штета од 97.500 денари.