вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Затвореник пронајден мртов во „Идризово“, познат неговиот идентитет

Затвореник пронајден мртов во „Идризово“, познат неговиот идентитет

Педесетгодишен затвореник од Скопје, кој издржувал казна затвор од 11 години, бил пронајден починат во полуотвореното одделение од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

– На 06.06.2023 во 03.55 часот во СВР – Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ било пријавено дека во просторија во полуотвореното одделение бил пронајден починат затвореникот В.Л. (50) од Скопје, кој издржувал казна затвор од 11 години. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, стои во соопштението од МВР.  (МИА)