На 24.02.2021 во 22.00 часот, додека вршеле контроли во угостителски објекти, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Тале Христов“ констатирале дека интернет кафе работи и вo објектот има 10 лица.
Тие биле приведени во Полициската станица Чаир и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.