понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Железничка несреќа утрово во Македонија: 4 лица повредени

Железничка несреќа утрово во Македонија: 4 лица повредени

Четири лица се повредени во железничка несреќа која се случи во близина на Прилеп. Несреќата се случила во 5.20 часот, на железнички премин, во близина на меѓуградската автобуска станица.

Патнички воз удри во возило „ауди“ во кое се превезувале пет лица. Патниците од автомобилот биле колеги кои утрината заедно патувале до своите работни места.

При обид да ја преминат пругата, во нив удрил возот, при што две лица се полесно повредени, а двајца потешко се повредени.

По извршено алкотестирање на возачите не е утврдено присуство на алкохол кај возачите на локомотивата и возилото.

Истрагата сега е насочена да се открие причината за оваа железничката несреќа.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи утринава изврши увид на местото каде се случи железничка несреќа во која се повредени четири лица.

Надлежен јавен обвинител издаде наредби за фотографирање и скицирање на местото на настанот и за вршење на вонреден технички преглед на локомотивата од страна на машински инженер. Ќе се вештачи и рампата од железничкиот премин, во насока на утврдување на исправноста на нејзиното функционирање.

Дејствијата на јавното обвинителство ќе продолжат со цел да се расчисти причината која довела до железничката несреќа.