понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Железничка несреќа во кумановско, воз удри во автомобил

Железничка несреќа во кумановско, воз удри во автомобил

Железничка незгода помеѓу товарен воз кој сообраќал на релација Табановце-Гевгелија и патничко возило „ауди“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ј.(47) од с.Оризаре, Липково се случила синоќа еден час по полноќ.

Од МВР информираат дека несреќата се случила на Железничката станица Табановце и Железничката станица Куманово, на патен премин кај с.Лопате.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил Ф.Ј., констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.