На 04.12.2021 во 12:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода С.Ј.(38) од Куманово.
При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени прашкаста материја и дигитална вага.
Судија на претходна постапка ѝ одредил мерка притвор и таа на 05.12.2021 била спроведена во Казнено-поправната установа затвор К`шање Куманово.