На 26.03.2022 во 14:10 часот во Полициската станица Делчево, вработена во продажен објект на ул.„Голачка“ во Делчево пријавила дека женско лице, кое го познавала, платило производи со банкнота од 50 евра за која подоцна во менувачница ѝ рекле дека е фалсификувана.
Банкнотата била одземена за понатамошна постапка.
Се работи на расчистување на случајот.