Во Секторот за внатрешни работи Охрид од Медицинскиот центар во Охрид вчера било пријавено дека кај нив во коматозна состојба била донесена Б.Т. (34) од Охрид која паднала по скали во куќа на улицата „Димо Хаџи Димов“.
Жената при што од падот се здобила со тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите истата со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.