недела, 5. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Жестока масовна тепачка во Ресен: Неколку повредени, еден ранет со нож

Со возило на Итна медицинска помош и приватни возила во Клиничката болница-Битола биле пренесени шест лица, при што кај Т.К. (47) од Ресен биле констатирани тешки телесни повреди (убодна рана во пределот на градниот кош и расекотина во пределот на лицето), а додека кај останатите пет лица биле констатирани телесни повреди и биле пуштени на домашно лекување.
Жестока масовна тепачка во Ресен: Неколку повредени, еден ранет со нож

На 03.02.2018 година во 22:25 часот телефонски во полициска станица Ресен, С. Д. (38) од Ресен пријавил дека во хотел во с.Царев Двор–ресенско, каде се одржувала веселба, бил нарушен јавниот ред и мир.

Имено, се случила масовна тепачка помеѓу  Б.А. (22) и У.Ф. (31) од Охрид, од една страна и Т.К., Е.К., Т.К., Р.К., О.М. од Ресен како и други лица кои биле присутни на забавата од друга страна.

Со возило на Итна медицинска помош и приватни возила во Клиничката болница-Битола биле пренесени шест лица, при што кај Т.К. (47) од Ресен биле констатирани тешки телесни повреди (убодна рана во пределот на градниот кош и расекотина во пределот на лицето), а додека кај останатите пет лица биле констатирани телесни повреди и биле пуштени на домашно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот, а информирано е и Основното јавно обвинителство од Ресен. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.