среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Жена измамничка: Им земала по 1.000 евра за работна виза во Германија, па ги оставила без ништо

Жена измамничка: Им земала по 1.000 евра за работна виза во Германија, па ги оставила без ништо

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама“.

Во текот на 2022 и февруари 2023 година, пријавената остварила средба со две лица од Гостивар и гостиварско и од нив земала по 1.000 евра под изговор дека може да им посредува за добивање работна виза во Германија.

Таа не им обезбедила визи и не им ги вратила парите, а откако била пријавена, полициски службеници ја лишиле од слобода и ѝ е поднесена пријавата.