СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.С.(58) од село Боговиње, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.
На 15.09.2022 во Тетово, по претходна расправија, пријавениот упатил закани кон жена од Тетово барајќи и 3.500 евра по основ на долг од нејзиниот поранешен сопруг, по што ја принудил да потпише изјава дека лично ќе му ги врати парите.