вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Жител на Албанија почина по тешка повреда додека изведувал градежни работи во Центар Жупа

Жител на Албанија почина по тешка повреда додека изведувал градежни работи во Центар Жупа

На 07.10.2023 во 16.20 часот, во ОВР Дебар е пријавено дека, Т.Д.(41) од Пешкопеја-Република Албанија, при изведување градежни работи во селото Баланци, општина Центар Жупа, се здобил со тешки телесни повреди, по што починал, информира МВР.

По наредба на јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршиле екипа од ОВР Дебар и овластени лица од Државниот инспекторат за труд.