среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Жител на прилепско си испукал куршум во нога при семејна веселба

Жител на прилепско си испукал куршум во нога при семејна веселба
илустрација

На 20.08.2023 во 17.59 часот во ОВР Прилеп, од Општа болница Прилеп било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Ш.Ф.(54) од с.Дебреште, прилепско.

-Полициски службеници извршиле службен разговор со лицето, при што било констатирано дека околу 17.30 часот во с.Дебреште, при семејна веселба, Ш.Ф. од огнено оружје испукал неколку куршуми во воздух. Потоа додека се превезувал со патничко моторно возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки испукал еден куршум во неговото десно стапало, информира МВР.

Увид на местото бил извршен од екипа од ОВР Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.