четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Жител на Демир Капија измамил мигранти – им земал пари, а не ги услужил

Жител на Демир Капија измамил мигранти – им земал пари, а не ги услужил

На 03.07.2021 од полициски службеници од Полициска станица Неготино, во близина на место викано „Маркова чешма“, во атар на Демир Капија, се пронајдени две лица мигранти од Пакистан, при што едниот од нив, М.А.Х.(24), пријавил дека околу 17.33 часот биле измамени од Ѓ.Г.(35) од Демир Капија.

Според пријавеното, Г.Ѓ. им понудил превоз за што им наплатил, без да ги услужи.

Тој е повикан во Полициска станица, парите му се одземени и вратени на сопственикот, а по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, додека лицата мигранти биле предадени во полициска станица за понатамошна постапка.