среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Жител на Крива Паланка нападнал сограѓанин со дрвен предмет

Жител на Крива Паланка нападнал сограѓанин со дрвен предмет
илустрација

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Д.С.(24) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 25.09.2022, пријавениот на улица „Партизанска“ во Крива Паланка физички го нападнал со дрвен предмет Б.А.(33) од Крива Паланка.