вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Жител на Могила со прострелна рана однесен во болница

Жител на Могила со прострелна рана однесен во болница

На 07.08.2020 во 21:30 часот С.Н.(61) од с.Могила му се јавил на З.К.(47) од истото село кој во тој момент  бил заедно со Д.А.(37) во возило  на пат кон  Прилеп, и  побарал од него бидејќи се повредил да дојде во неговиот дом и да го однесе на лекар во Битола.

Во Клиничката болница  Битола на лицето С.Н  од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди-  прострелна рана. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.