Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против С.А. (30) од Неготино.
Против С.А. е покрената кривична поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Полициски службеници извршиле преглед во домот и патничкото возило на пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин и таблети „антиестроген“.