среда, 3. април 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Жител на пехчевско фатен со бесправно исечени дрва, следува пријава

Жител на пехчевско фатен со бесправно исечени дрва, следува пријава

На 30.01.2022 во 14.40 часот на место викано ,,Ормане“, атар на Пехчево, од страна на полициски службеници од ОВР Берово бил одземен трактор натоварен со бесправно исечени дрва од Г.Р.(31) од с.Умлена, пехчевско.

Дрвата биле предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка, а по документирање на случајот ќе следува поднесок.