ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против В.С.(27) од с.Јаргулица, радовишко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 19.02.2021, полициски службеници извршиле претрес во дом и други простории на пријавениот, при што пронашле и одзеле ловечка пушка „Црвена застава“ и 16 ловни патрони калибар 12 мм за кои не поседувал соодветна документација.