Американската поп ѕвезда Бритни Спирс повторно успеала да ги загрижи фановите со своите објави на социјалните мрежи.
Имено, пејачката на својот Инстаграм профил објавича видео на кое се гледа како се тушира, но многумина сепак мислат дека претерала. Со оглед на тоа дека за ваквите објави секогаш добива многу критики, таа решила да забрани коментирање на оваа објава на својот Инстаграм профил. Сепак, реакциите на другите социјални мрежи се бројни.
Спирс објави и селфи, кое е направено во бања во Мексико, и изјави дека тоа го направила бидејќи „Инстаграм не сака кога луѓето го покажуваат своето тело“.
„Мамо и тато, ја поминав границата и успеав откако не испив кафе 15 години. Мамо, сега можеме да одиме на кафе. Ме третираат рамноправно. Ајде да одиме да пиеме кафе и да разговараме”, напишала таа.
View this post on Instagram