Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн може да го смени тимот оваа зима.
Според „Скај спорт“ главен претендент за англискиот фудбалер е Баерн Минхен.
Баварците се подготвени да му понудат на Кејн долгорочен договор, но условите од договорот се уште не се детално разгледани.
Но, и Тотенхем исто така е подготвен да го продолжи договорот со Кејн, кој истекува во летото 2024 година.
Британските медиуми јавуваат и за предлози од премиерлигашките клубови за евентуален трансфер на Англичанецот.