недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тотенхем може да го врати Кејн во Лондон

Тотенхем може да го врати Кејн во Лондон

Хари Кејн долго време го носеше дресот на Тотенхем, клуб на кој верно му служеше до ова лето во кое направи трансфер во редовите на Баерн Минхен.

Англискиот репрезентативец одбиваше понуди низ години, клубот не сакаше да го пушти, поточно не се создадоа услови за реализација на една ваква операција се до ова лето кога Баерн притискаше, притискаша и за сума поголема од 100 милиони евра го доведе на „Алијанц Арена“.

Меѓутоа „петлите“ не се откажале целосно од напаѓачот затоа што си обезбедиле опција за негово враќање во иднина. Претседателот на клубот, Даниел Леви обелодени дека Тотенхем се изборил за таква точка во преговорите со бунделсигашот.

-Да, имаме откупна клаузула за Хари Кејн. Му се заблагодарувам на Хари за сè што направи за нас – тој е секогаш добредојден назад. Многу е сакан и ценет член на семејството Спарс и засекогаш во нашата историја, -истакнал Леви.