петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Ќулавкова: Со Законот за употреба на јазиците се отфрла мултиетничкиот карактер во државата

Ќулавкова: Со Законот за употреба на јазиците се отфрла мултиетничкиот карактер во државата

Не постои јазик во Европа што е прогласен за службен на државно рамниште, а да се зборува или да се учи произволно, по волја,  вели академик Катица Ќулавкова во нејзиното гостување во емисијата “Отворено Студио“. Таа додава дека државниот јазик е административен, работен и е задолжителен јазик којтреба да го учат сите граѓани во основно и средно образование.

– Во собранието од лани се наметнува реторика на ултиматум на зборување на албанскиот јазик и користење како работен јазик во собранието. Претекот на зголемување на правата на јазикот на 20 % популација да се наметне како втор едноважен државен јазик . Во нивната декларација поаѓаат од ставот на конститутивна нација. Според уставот и според преамбулата само македонскиот народ се именува како народ а сите други заедници или етноси се наметнуваат како делови од народ. Претензијата за признавање на албанскиот народ како конститутивна нација всушност и наметнува и признавање на албанскиот јазик за втор државен јазик, вели Ќулавкова.

Таа додава дека воведувањето на овој јазик не е проблем доколку на цела територија е лоциран албанскиот народ а не на одредена територија.Според неа не постојат елементи со кои се оправдува воведувањето на албанскиот јазик за да биде втор државен јазик на цела територија на Република Македонија.

– “Нелегално поставениот законот со европско знаменце доведе до илузија за важноста и опстанокот на државата или приоритет на албанската заедница а всушност е приоритет на албанските политички лидери. Територијалната реорганизација во 2004 година доведе до конфузија а воедно и Рамковниот Договор од 2001 година. Во Рамковниот Договор не само што не се предвидени вакви барања и измени на законот за јазици. Толкувањата на поединци формираат лажна илузија и погрешно јавно мнение .“ рече Ќулавкова

Таа посочи дека дел од регулативите што ги предизвика законот веќе се применуваат. Така на пример во одредени училишта веќе постојат албански класови кои учат на албански јазик, во јавната и во државната администрација има двојазични формулари и документи и на овој начинмакедонскиот јазик се става во нерамноправна улога.

Кулавкова потенцираше дека Европската Унија која ја сметаме за парадигма на цивилизираност различно го решава ова прашање.Европа допушта нерамноправност по однос на јазичните права посебно на Балканот.

– Само Р. Македонија настојува да биде лидер во административната, работната, образовната маргинализација на македонскиот државен јазик. Овој процес се легитимираше со Закон во 2008, за да се преувеличи, до апсурд, во предлог-законот од оваа 2017 година со 2001,“ истакна Ќулафкова

Таа се осврна и на драконските казни кои се предвидени во предлог законот за јазиците. Посочи дека кога нема кази за етничките заедници кои не го зборуваат македонскиот јазик зошто би имало и за албанскиот јазик.

-“Имено со овој закон се отфрла мултиетничкиот карактер во државата и се наметнува бинационалниот карактер. Со вакви радикални закони на границата на уставноста и противуставните делови од законот за воведување на два државни јазика ќе дојде до непоправливи последици со кои ќе се менува целата структура на органите во Република Македонија и ќе влијае на работењето и функционирањето“ рече Ќулавкова.

Според неа со донесувањето на овој закон се менуваат елементите на идентитетот на Република Македонија при тоа бинационалноста и ќе се рефлектира на личната карта и идентитетот на Република Македонија.

Бидејќи сме во постапка на евентуално договарање за промена на името или задржување на постоечкото име ,од исклучителна важност се задржување на културните елементи како јазикот кои се репрезентативни за македонскиот идентитетот, заклучи Ќулвакова.