Објавен е список со платите на фудбалерите од шпанска Ла Лига.
Еден Азар ќе биде најплатениот фудбалер оваа сезона во шпанската Примера. Белгискиот фудбалер за една година ќе заработува 15 милиони евра нето (бруто повеќе од 31 милион евра), или околу 290.000 евра неделно. Азар пред три години пристигна во Реал за 115 милиони евра и не ги оправда вложените пари, одигра само 66 натпревари и постигна 6 гола.
Јан Облак, 29-годишниот голман на Атлетико Мадрид заработува 12 милиони евра по сезона, половина милион повеќе од најдобриот играч на Реал, Карим Бензема. Следуваат дефанзивецот на Реал, Дејвид Алаба (10,8 милиони евра нето по сезона), играчот од средниот ред на Барселона, Серхио Бускетс (10,5 милиони евра) и Тони Крос од Реал (10,5 милиони евра). Антоан Гризман (Атлетико), Винисиус Жуниор (Реал) и Жорди Алба (Барселона) имаат годишна плата од 10 милиони евра.
Најплатените топ 10 ги заокружува 36-годишниот капитен на хрватската репрезентација Лука Модриќ, кој според Capology има плата од 9,4 милиони евра во Реал.
Роберт Левандовски, новиот играч на Барселона, потпиша тригодишен договор со кој ќе заработува 9 милиони евра по сезона, исто како и новиот стопер на Реал, Антонио Ридигер, кој пристигна на слободен трансфер од Челси.