сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Невремето во Мадрид го одложи дуелот помеѓу Атлетико и Севиља

Невремето во Мадрид го одложи дуелот помеѓу Атлетико и Севиља

Дербито на денот во шпанската Ла Лига ќе се одигра во друг термин, откако по препорака на властите во Мадрид, дуелот помеѓу Атлетико и Севиља е одложен.

Главниот град на Шпанија деновиве е зафатен од циклон кој создава големи проблеми и силни врнежи од дожд проследени со ветер. Фудбалерите на Севиља денес допатуваа во Мадрид, но ќе мора да се вратат назад во Андалузија, бидејќи Мадрид во моментов е во црвена метео фаза и се препорачува да не се излегува од дома без некој посебна причина

Во моментов не е познат новиот терминот за дуелот помеѓу Атлетико Мадрид и Севиља и се чека подобрување на временските прилики за да се закаже дуелот.