четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Кој ви даде тука да копате? Јакимовски патролира по улиците низ Карпош (ВИДЕО)

Кој ви даде тука да копате? Јакимовски патролира по улиците низ Карпош (ВИДЕО)

Старо-новиот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, објави видео како прекинува, како што вели тој, „диво“ копање на улицата Букурешка.

-Почитувани граѓани на Карпош,

Сакам да ве информирам дека по пријава на граѓани за „диво“ копање на улицата Букурешка, утрово излегов на терен за лично да се запознаам со ситуацијата. Од одговорното лице на фирмата што го затекнав на лице место побарав дозвола за прекопување на улицата на што ми беше одговорено дека наводно имал одобрение од секторот за урбанизам, но не ми покажа документ.

Поради тоа наредив веднаш да прекинат активностите на улицата и да се направи записник, објави Јакимовски.

Претседателот на ГРОМ вели дека од секторот за урбанизам добил потврда дека фирмата немала дозвола за сечење на улицата.

-Нема да дозволиме на „диво“ да се прекопуваат нови улици, а граѓаните да газат по кал и да ги оштетуваат возилата по раскопани сообраќајници заради лични интереси на поединци, напиша Јакимовски на Фејсбук.