недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Музика

Вудсток – најубавиот спомен на цивилизацијата од 20-от век

Вудсток – најубавиот спомен на цивилизацијата од 20-от век

Ширењето на митот низ децениите и низ глобалниот простор, половина век подоцна му даваат на фестивалот стабилна легендарна димензија, која и на генерациите дојдени по тој историски музички настан им создава перцепција дека Вудсток во таа 1969 година некако го променил светот. Дали навистина Вудсток го смени текот на историјата?

Секогаш постои ризикот од претенциозност кога на нештата им се даваат квалификации во суперлатив, па макар и да се оправдани од дозволената субјективност на спомените. Кога станува збор за фестивалот Вудсток, одржан пред 50 години (од 15 до 18 август 1969 година), тој во светската меморија е втемелен според принципот на древните митови, повеќе преку  „преданија“,  отколку преку систематска медиумска пропаганда, која на крајот од шеесеттите години на 20 век сепак е сериозно втемелена во светот, а особено во САД. Ширењето на митот низ децениите и низ глобалниот простор, половина век подоцна му даваат на фестивалот стабилна легендарна димензија, која и на генерациите дојдени по тој историски музички настан им создава перцепција дека Вудсток во таа 1969 година некако го променил светот. Дали навистина Вудсток го смени текот на историјата во светот?

-Сосема доволен е фактот дека Вудсток се случи – пишува продуцентот Мајкл Ланг, во својата книга „Вудсток-како да се направи најголем фестивал на светот“, кој е најпознат токму како еден од организаторите на грандиозниот фестивал.

Вудсток е всушност спонтана и неочекувана кулминација на целата деценијата на промена на менталниот склоп на едно големо општество како американското, како реакција на политичките и културна забрзана динамика на случувања – процес именуван како контракултура. Тој израз претсавува сублимација на протестот протв строгите норми о 50-години на минатиот век, сгрегацијата на југот на САД, војната во Виетнам… Протестот на младите генерации се манифестира преку експериментирање со дрогите, своевидно отфрлање на сексуалниот морали се погласни барања за правата на жените. Клучни контракултурни форми кои заговараат општествени промени во тој период се хипи-движењето, антивоеното движење, студентските протести, феминизмот и сексуалната револуција… Сета таа енергија на протест, сосема контрадикторно се излева во манифестација која има за цел да го слави мирот, и во текот на три дена со музика и оставање настрана на политичките прашања.

– Знаев дека ако сакаме Вудсток да узпее, мора да биде автентичен од главата до петиците. Тргнавме да создавале сосема нова парадигма по прашањето на фестивалските настани и се обидовме на исто место да ги соереме различните фракции на истата контракултура. Грубо кажано, фестивалот го замислив како племенски собир, засолниште за истомисленици, место каде би се прифатиле и почитуале нови, експериментални животни стилови. Знаев дека флексибилноста и прилагодливоста ќе бидат клучни во создавањето на дотогап невиденниот спој на уметност и трговија – раскажува Ланг во својата книга за чекорите пто му претходеле на Вудсток, пред педесет години.

Идејата за „спој на уметност и трговија“, односно за наплата на влезница од 8 долари за ден на фестивалот, се изјаловила кога станало јасно дека доаѓа двојно повеќе публика од предвидените 200.000 посетители. , кои речиси веднаш ја урнале оградата од предвиденот простор за фестивалот. Организаторите веднаш се согласиле трите дена чествување на музиката, сексуалната слобода и ослободувањето на духот со наркотици…едноставно да бидат бесплатни.

– На Вудсток нашата енергија ја насочивме спрема мирот, политичките прашања ги оставивме на страна, и одевме во насока на она што е можно да се реализира. Тоа беше прилика да видиме можеме ли да создадеме свет каков што посакувавме во текот на целите шеесетти години. Тоа беше нашата политичка изјава – доказ дека мирот и разбирањето се можни и создавање завет за вредностите на контракултурата. Тоа беа три дена на мир и музика – се сеќава Ланг.

И навистина,  во тие три-четири фестивалски денови, речиси не се забележани насилни инциденти меѓу половина милион луѓе што минале на млекарската фарма каде што се одржал Вудсток. Сепак, постојат податоци дека на фестивалот животот го загубиле три до пет луѓе : некои од предозирање со наркотици и еден бизарно фестивалски гостин, прегазен од трактор додека спиел на некоја нива во близина.

На трите, всушност четири дена на Вудсток настапиле повеќе од дваесетина музички ѕвезди на тоа време, кои денес, слично како и фестивалот, имаат култен статус во музичката историја. Некои од нив се: Рави Шанкар, Арло Гарри, Џоан Баез, Сантана, Џенис Џоплин, Сантана, „ Грејтфул дед“. „Ху“, Џо Кокер…и најголемата ѕвезда во тој миг- Џими Хендрикс. Забележано е дека на култниот фестивал, единствениот кој се споменува и по педесет години ( а само таа 1969 година во САД се одржале можеби уште стотина фестивали) не учествувале некои неприкосновени ѕвезди ка тоа време како „Битлси“, „Ролингстоунс“, Боб Дилан, „Дорс“, „Лед цепелин“…, кои подоцна во текот на целата кариера се каеле и се правдале за своето отсуство на Вудсток.

Интересно дека на секој децениски јубилеј се прави некаков обид, или барем се најува намера за организирање на некое ново издание на фестивалот.., но некако во последен миг се откажува. Продуцеентот Ланг смета дека можеби така е и подобро, зашто таква енергија од крајот на шеесеттите години на минатиот век е невозможно да се пресоздаде. Педесет години подоцна, во ерата на детектори на метал, кучиња-трагачи по експлозивни направи, систематски претсреси  на граѓаните на собити и вооружени напади… навистина е невозможно да се пресоздаде енергијата на мирен протест, без инциденти, по која Вудсток влезе во легендите.

-Опкружувањето сега е многу,многу поинакво во однос на она од пред 50 години. Денес не би дозволиле собир каков што бил Вудсток, поради безбедносни ризици – изјавил пред јубилејот полициски офицер од областа во близина на Њујорк, каде што се одржал фестивалот.

И секогаш, пригодно како за јубилеј, се поставува прашањето – дали се реализираше целта на Вудсток? Учесниците на Вудсток веќе не се сеќаваат ни дали воопшто имале некаква цел, освен онаа општата за „мир во светот“, а не се сигурни ни дали во променетиот свет по 50 години ги препознаваат некогашните свои визии во иднината… Не се сигурни ни дали им се допаѓа како се променил светот, но затоа се категорични дека Вудсток е најубавиот спомен што цивилизацијата го доби од дваесетиот век.

Пшува: Јасминка Павловска