Во 10 часот и 27 минути во Единицата за информации и команда Скопје, било пријавено дека на улицата „Даме Груев“ во стан на вториот кат имало пожар.
Полициски службеници излегле на местото, а таму бил затекнат 39-годишниот В.М. кој го опожарил својот стан. Притоа, тој нападнал еден полициски службеник, удирајќи го со глава во пределот на главата. Кај полицискиот службеник биле констатирани телесни повреди, а В.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Душевната болница „Бардовци“.
Од страна на екипа од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат и било констатирано дека од исчадувањето од пожарот настанало оштетување кај друг стан.
Исто така, од користената вода за гаснење на пожарот, настанало и оштетување кај повеќе станови.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
ФОТО: А1он