четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Пешевска со јавен повик до пратениците од СДСМ: Уште денеска да се собериме и да ги изгласаме законите за помош на граѓаните и економијата

Пешевска со јавен повик до пратениците од СДСМ: Уште денеска да се собериме и да ги изгласаме законите за помош на граѓаните и економијата

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска упати јавен повик до нејзините колеги, уште денеска во Собрнието сите заедно да ги изгласаат законите за помош на граѓаните и економијата.

-Како пратеник во Собранието на Република Македонија преку овој ЈАВЕН ПОВИК ги повикувам, пратениците од СДСМ уште ДЕНЕС, попладне да се собереме во Собранието и да ги изгласаме законите кои се потребни за помош на економијата и граѓаните од пандемијата. Ниту еден друг закон, нема приоритет, како законите потребни за помош на граѓаните и економијата.

Не оддржувањето на ваква седница, на дело ја покажува вистината а тоа е дека, пратениците на СДСМ не сакаат да се донесат Законите за помош на граѓаните!, пишува во повикот Пешевска објавен на нејзината Фејсбук страница.