среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Петков и Миловановиќ ќе играат за МЗТ Скопје Аеродром

Петков и Миловановиќ ќе играат за МЗТ Скопје Аеродром

Младинските кошаркарски репрезентативци на Македонија Марко Миловановиќ (21) и Марин Петков (20) се новите кошаркари на МЗТ Скопје, објави македонскиот шампион.

„И двајцата се во долгорочните планови на нашиот стручен штаб, но не само како перспективи, туку и како кошаркари кои веднаш ќе дадат значаен придонес на патот кон одбраната на двојната круна во националниот шампионат и враќањето во Јадранската елита“, се вели во соопштението.

Миловановиќ, успешно ги мина сите младински селекции на Македонија и веќе има покана за настап во најдобриот тим на „жолто-црвените“, што доволно говори за неговиот квалитет.

Тој во МЗТ Скопје дојде од Италија, каде претходните четири сезони настапуваше за тимот на Јуви од Кремона.