недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ Скопје Аеродром го комплетираше составот за новата сезона

МЗТ Скопје Аеродром го комплетираше составот за новата сезона

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром  долго време беше мирен, неактивен на пазарот за да во кратко време ги реши најважните прашања, состави тим за натпреварувачката 2023/2024.

Клубот од Аеродром одново ќе има највисоки амбиции на домашната сцена, а ќе проба и да се врати во елитната АБА лига. За успшени резултати треба да се погрижи тренерот Васко Атанасов и неговите соработници кои веќе знаат со кои играчи ќе располагаат.

Најновата тројка која стави потписи на договорот со „штрковите“ се нашите репрезентативци Бојан Крстевски, Дамјан Робев и Љубомир Младеновски. Крстевски и Робер и во изминатиов период беа дел од МЗТ што значи дека ја продолжија соработката, додека пак за Младеновски ова е кам-бек во составот од „Јане Сандански“.

Дресот на МЗТ ќе го носат браќата Дамјан и Војдан Стојановски, Андреј Андоновски како и новите засилувања Марин Петков, Марко Миловановиќ, Душан Танасковиќ, Марко Баковиќ, Седрик Расел и Ејасу Ворку.

Дел од екипата ќе бидат и неколкумина талентирани млади кошаркари предводени од Бојан Величковски.