петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ Скопје Аеродром ги претстави првите странски засилувања за новата сезона

МЗТ Скопје Аеродром ги претстави првите странски засилувања за новата сезона

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром ги официјализираше првите странски засилувања кои доаѓаат од Србија и Хрватска. Душан Танасковиќ и Марко Баковиќ ќе водат борба под кошевите за македонскиот првак.

Танасковиќ потекнува од школата на Партизан, негов последен тим беше АБА2-лигашот Борац Бања Лука каде играше заедно со Теодор Симиќ. Душан имаше просек од 14,2 поени и 6,1 скокови и треба да биде добра опција за тренерот Атанасов.

Баковиќ е поискусен, има 30 години и во Скопје доаѓа од шпанска Леида. Освен борбата во рекетот, негов заштитен знак е и одличниот шут за тројка, со оглед што често во кариерата имал и скоро 50-отстотна прецизност од оваа позиција.