Педесет и пет годишниот Г.Т. од Кичево, вработен во ГП „Гранит“, вчера се здобил со повреди вршејќи градежни активности на автопатот во изградба Кичево-Охрид, кај мостот во атарот на село Добреноец, информира денеска портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски
По дадената неопходна медицинска помош во Општата болница во Кичево, соопшти Димовски, работникот е пуштен на домашно лекување.
Случајот е пријавен во Полициската станица Кичево вчера околу 14 часот.
Димовски инфорормираше и дека според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на ОВР Кичево, полициските службеници констатирале пет прекршоци за неносење лична заштита на лицето .Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19.