вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Повторно се отвори кратерот на патот кај Косоврасти, овој пат е поголем

Повторно се отвори кратерот на патот кај Косоврасти, овој пат е поголем

На регионалниот пат Дебар – Маврово, делница Дебар- Жировница, кај селото Долно Косоврасти, повторно се отвори кратер.

Станува збор за кратер, пропадната дупка на коловозот, на истата локација каде што истиот се појави во неколку наврати, но овој пат со поголеми димензии.

Сообраќајот се одвиваше по оспособен пат а со максимална ангажираност на вработените во дебарската секција на ЈП за одржување магистрални и регионални патишта, истиот е пополнет со песок.

Поради обилните дождови присутни деновиве, на овој, како и на патните правци Дебар-Струга, Мелнички Мост- Центар Жупа, како и патот кон селата на Мала Река, има појава на одрони.

Поради тоа од секцијата препорачуваат внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација.