Како што многумина ги нарекуваат „забеганата кралска двојка”, принцот Хари и војвотката од Сасекс Меган Маркл уште еднаш ја разбрануваа јавноста со нов потег, пишува Glossy.
Иако се обидоа да ги сокријат своите намери, папараците ги фотографираа како пристигнуваат во вилата во Монтесито, која е во сопственост на легендарната новинарка Опра Винфри, на ексклузивните фотографии кои ги објави „Daily Mail“, Хари го вози автомобилот, Меган седи на задното седиште, а со нив е и едно од нивните деца, како и жена за која се верува дека е актерката Џанина Гаванкар.
Prince Harry and Meghan were spotted on their way to pay a visit to Oprah’s Montecito mansion over the weekend
(27. June 2022) pic.twitter.com/5mc9aWiKJh— HARRY AND MEGHAN (@TerezaMatoukov4) June 29, 2022
Исто така, се наведува и дека парот останал повеќе од еден час на имотот на Опра, кој е на само неколку минути возење од нивниот американски дом.
Се шпекулира дека тие можеби направиле второ интервју само неколку дена откако парот го посети Обединетото Кралство за платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора, кога таа за првпат се сретна со правнуката Лилибет.
Се наведува и дека Хари овој пат најверојатно ќе биде поостар и дека нема да го поштеди кралското семејство, а особено не кралицата Елизабета.
Да потсетиме, Хари и Меган пред 18 месеци дадоа ексклузивно интервју за Опра во кое зборуваа за причините за напуштањето на кралските должности и преселбата во САД, а упатија и сериозни обвинувања кон членовите на британското кралско семејство.
Интервјуто во живо го следеа повеќе од 49,1 милиони луѓе, а предизвика бурни реакции во јавноста.