среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Проширување на колекторскиот систем во општината Кавадарци

Проширување на колекторскиот систем во општината Кавадарци

Во тек е проширување на колекторскиот систем од пред ваташкото игралиште до мостот на улица „Дванаесет другари“ во село Ваташа. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев денеска најави дека е изработен и проект за колекторски систем од месноста Моклиште до село Ваташа.

– Ова беше критична точка на колекторскиот систем. Беше со мал профил и чести запушувања. Меѓутоа и дел од овие семејни куќи тука не беа приклучени на канализационата мрежа. По изработката на кејот и уредувањето на оваа населба до Ваташа, овој проект е комплетна реконструкција и доградба на колекторскиот систем. Тоа значи дека сега од Ваташа, па се до село Сопот, комплетно имаме функционален капацитативен колекторски систем, што за наредните 30 години нема да има никаков проблем. За разлика од немилите настани што претходно ги имаше, излевање на колекторскиот систем, во куќи и подруми, рече Јанчев.

Тој нагласи дека нема да се застане тука и во иднина ќе се работи на екологијата.

Активностите што се изведуваат од програмата за комунална изградба во кавадаречка општина, ги поздрави и претседателот на општинскиот Совет, д-р Стојанче Рамов.