среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Република: Незаконски унапредувања, стотици разрешувања и Примислав Димовски на чело на ЕИП

Република: Незаконски унапредувања, стотици разрешувања и Примислав Димовски на чело на ЕИП

Примислав Димовски, досегашен командант на Единицата за прв одговор и интервенција „Алфи“, е назначен за началник на новата Единица на интервентна полиција што денеска беше промовирана во полицискиот центар во Ѓорче Петров.

За негови помошници, неодфицијално дознава „Република“, поставени се тројца негови соработници од единицата „Алфа“.

За началници на одделене поставени се Г., Б.Р. Г.П., М. Л., И.П., а еден од петте помошници-началници на одделение кои се унапредени за три скалила е Д.Н.

Новата единица што ќе работи во состав на Секторот за внатрешни работи ќе делува на територијата на град Скопје е формирана со спојување на досегашната Единица за јавен ред и мир, Единицата за прв одговор и интервенција „Алфи“ и Единицата за асистенции, спровод и обезбедување на транспорт. На нејзината промоција присуствуваше и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој рече дека оваа реформа била неопходна со цел да има што поголем број полициски службеници на улица.

-Очекуваме безбедноста во овој поглед се зголеми, да имаме поголемо присуство на униформирани полициски службеници на територија на градот Скопје, да бидат тука и блиски со граѓаните да работат за спречување на секаков вид можен криминал и тоа впрочем низ анализите покажува дека секаде каде се формирани овие единици имаме значително намалување на криминалитетот во тие градови, рече Спасовски.

Додаде дека Единицата ја формирале на основа на моделот на интервентната полиција во Загреб, Хрватска.

-Сметам дека токму денеска, пред Новата 2020 година беше идеален момент да ја промовираме оваа Единица, да се презентира на јавноста дека овие припадници на Единицата се навистина подготвени да се соочат со секаков предизвик и ризик во делот на безбедноста, рече Спасовски.

 

-Структуирана врз основа на проценетите потреби на СВР Скопје, но и врз основа на практиките на истородните полициски единици во земјите од ЕУ, Единицата, односно нејзините припадници ќе бидат фокусирани на остварување на работни задачи во посеопфатно и потемелно одржување на јавниот ред и мир, пред сѐ во делот на ефикасно спротивставување на сите облици на уличен криминал, особено кога е во прашање лоцирањето, справувањето и лишувањето од слобода на опасни, вооружени лица, истакна министерот Спасовски.

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски уште ноќеска објави дека ноќеска Оливер Спасовски поделил стотици решенија за прераспределување во МВР.

Во текот на ноќта стотина вработени добиле нови решенија за распоредување на нови работни места со цел на техничкиот министер од опозицијата да му се намали капацитетот за битка со криминалот и корупцијата, тврди Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Новата илегална систематизација според него била направена и со решенија кои биле изготвени надвор од МВР. Операцијата за доделување решенија за работа при што вработени биле повикувани од дома започнала ноќеска, но траела и во текот на денот.

Република ексклузивно објавуvа едно такво решение за распоредување на полицац на пониско работно место издадено со денешен датум.