понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Се рехабилитира патот од Прилеп до вештачкото езеро

Се рехабилитира патот од Прилеп до вештачкото езеро

Започна рехабилитација на патнииот правец за вештачкото езеро кај Прилеп во должина од 2,6 километри, што е под ингеренција на претпријатието за јавни и државни патишта, во корелација со локалната самоуправа.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски нагласи дека реконструкцијата ќе се одвива во две фази.

– Инвестицијата е околу 20 милиони денари и по половината, по 10 милиони инвестираат прилепската локална самоуправа и јавното претпријатие за државни патишта. Ова е прва фаза од рехабилитацијата на овок потег, од Прилеп до Вештачкото езеро и се асфалтира овој дел. Втората фаза ќе се прават велосипедски и пешачки патеки. направен е проект кој во наредниот период ќе го реализираме, рече Јованоски.

Втората фаза од рехабилитацијата на овој патен правец ќе започне кон крајот на оваа или почетокот на идната година.

МИА