среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Шести ден амадманска расправа по Предлог-буџетот за 2023

Шести ден амадманска расправа по Предлог-буџетот за 2023

Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја продолжи амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2023 година. Ова е шести ден од амандманската расправа од предвидени десет.

Вкупно се поднесени 263 амандмани од кои 200 се од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Амандманската расправа за Предлог-буџетот трае седум дена по што тој треба да се најде на пленарна седница.

Во Предлог-буџетот за следната година растот е проектиран на 2,9 отсто, а инфлацијата на 7,1 отсто. Вкупните приходи се планирани на ниво од 282 милијарди денари и се повисоки за 14,8 проценти во однос на 2022 година, а расходите на ниво од 324,8 милијарди денари или се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година. Буџетскиот дефицит е на ниво од 4,6 проценти од планираниот БДП. За капитални расходи, пак, се планирани 48,9 милијарди денари или за околу 52,3 отсто повеќе во однос на планот за 2022 година.