среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Сламков: Состојбата со борбата против корупцијата е алармантна, 111 место на Транспаренси Интернешнл покажува дека помината е црвената линија

Сламков: Состојбата со борбата против корупцијата е алармантна, 111 место на Транспаренси Интернешнл покажува дека помината е црвената линија

Поранешниот претседател на Државнака комисија за антикорупција, Ѓорѓи Сламков вели дека Македонија сега со 111 место, паднала многу ниско на лестата на Транспаренси Интернешенл, институција која го мери индексот на корупција, односно борбата против корупцијата во државата.

Тој во емисијата „Стадион“ на радио Канал 77 истакна дека, овој показател ни покажува дека состојбата со борбата против корупцијата во државата е алармантна и дека во македонското општество веќе е помината црвената линија и затоа потребнен е, според него, нов институционален модел за борбата против корупцијата.

Сламков додава дека вината за оввој несланев неуспех не треба да се бара во ДКСК, затоа што таа превентивно административно тело, кое што нема оперативни надлежности, таа само креира стратегии, политики, програми.

– Поаѓајќи од тоа што лани бевме на 106 место, јас ја поставив тезата дека можеби сега е време да се пристапи кон промена институционалниот модел за борба против корупцијата. Јас сеуште се залагам и ќе се залагам во иднина, ние кога имаме вака алармантна состојба со показател, кој што покажува, дека во оштеството веќе црвената линија е помината, треба да преминеме кон суштиснки промени, односно да го смениме институционалниот модел за борба против корупцијата, истакна Сламков.

Тој појасни дека, во негово време, кога тој беше претседател на комисијата, периодот 2013-2014 година Македонија беше позиционирана на високото 63 и 67 место на индекост на Транспаренси во борбата против корупцијата, што ја правеше државата пример во регионот за посветеноста во борбата против корупцијата.