Два дена откако фудбалската репрезентација на Германија не успеа да ја мине групната фаза на Светското првенство во Катар, производителот на спортска операма Адидас, кој е нејзин спонзор, ги спушти цени на германските дресови за онлајн продажба за 50 отсто.
Адидас се најде во проблеми бидејќи од седум репрезентации кои настапуваат во Катар во дресови на германскиот производител на спортска опрема, само три изборија пласман во осминафиналето што во голема мера влијае врз продажбата на дресови и друга опрема.
Пред почетокот на Мундијалот 2022, Адидас се надеваше дека ќе инкасира околу 400 милиони евра од продажба на дресови и друга опрема за време на турнирот, но раната елиминација на Германија ја загрози таквата пресметка.
– Иако испаѓањето на Германија силно нè погоди, профитираме од меѓународниот ентузијазам, изјави портпаролот на Адидас.