сабота, 9. декември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Уапсен 22 годишен возач на граничниот премин Табановце – вршел превоз на патници без дозвола за меѓународен превоз

Уапсен 22 годишен возач на граничниот премин Табановце – вршел превоз на патници без дозвола за меѓународен превоз

Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север на 25 декември 2021 во 12 часот на Граничен премин Табановце при извршена контрола во возило „форд транзит“, со струмички регистарски ознаки, управувано од П.Л.(22) од Струмица, констатирале дека врши меѓународен превоз на патници без дозвола за меѓународен линиски превоз.

Лицето било предадено за понатамошна постапка на инспектор од Државен инспекторат за транспорт при Министерство за транспорт и врски.

Исто така, во 14.30 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север извршиле контрола во автобус на превозно претпријатие од Струмица, при што било констатирано дека возачот Н.И.(36) од Кочани не поседува лекарско уверение, за што ќе следува соодветен поднесок.